Промоција на песнарката „Охридски музички бисерник“ од Андреј Лаброски ќе се одржи вечерва, 15 јули, со почеток во 19:30 часот во Музејско-културниот центар „Лапидариум“ во Охрид.
Станува збор за значајно издание кое претставува вреден придонес во зачувувањето и промоцијата на охридското музичко наследство. Во песнарката се собрани дел од најзначајните музички творби и традиции поврзани со Охрид, со што се дава дополнителен придонес кон негувањето на македонската музичка култура.
Промоцијата ќе им овозможи на посетителите поблиску да се запознаат со содржината на делото, како и со неговото културно и историско значење.
Организаторите ги покануваат сите љубители на музиката, традицијата и културата да присуствуваат на овој значаен културен настан.
