HomeАктуелноНајдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе ја унапредува физичката подготвеност на војниците во Македонската Армија

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски ќе ја унапредува физичката подготвеност на војниците во Македонската Армија

Македонскиот атлетски шампион Дарио Ивановски е ангажиран во Министерството за одбрана, соопшти министерот Владо Мисајловски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ивановски, кој е најдобриот македонски атлетичар и рекордер во повеќе дисциплини, своето знаење, искуство и професионален пристап ќе ги пренесе во работата со припадниците на Армијата.

Според Мисајловски, ангажманот на Ивановски ќе биде насочен кон унапредување на физичката подготвеност на армискиот состав, како и негово дополнително вклучување во работата на Советот на воени спортови.

„Со својот труд, истрајност и посветеност, Дарио Ивановски е пример за сите генерации и доказ дека со вистински вредности се постигнуваат големи резултати“, порача Мисајловски, упатувајќи му желби за успех во новиот професионален ангажман.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.