HomeАктуелноОд 1 мај 2027 година директни летови од Скопје до Тиват – двапати неделно до црногорското приморје

Од 1 мај 2027 година директни летови од Скопје до Тиват – двапати неделно до црногорското приморје

Македонските граѓани од следната туристичка сезона ќе имаат можност директно да патуваат со авион од Скопје до Тиват, Црна Гора. Новата авиолинија треба да започне со работа на 1 мај 2027 година, а летовите првично ќе се реализираат двапати неделно.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Воведувањето на директната авионска линија го најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, по средбата со потпретседателот на Владата на Црна Гора, Филип Ивановиќ.

Според најавите, новото воздушно поврзување треба да го олесни патувањето до црногорското приморје, но и да придонесе за зголемување на туристичката размена и економската соработка меѓу двете земји.

Покрај линијата Скопје – Тиват, се разговара и за можноста за воспоставување директни летови на релациите Скопје – Подгорица и Охрид – Тиват. Засега овие линии се предмет на разговори и нема потврден датум за нивно воведување.

Дополнително, Македонија и Црна Гора планираат во текот на 2027 година да организираат заеднички бизнис-форум, на кој ќе учествуваат компании од двете земји.

Точните денови на летање, цените на билетите и деталите за продажбата сè уште не се објавени.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.