HomeАктуелноEвакуација на првите цивили од „Азовстал“: На сонце по два месеци поминати во тунели

Eвакуација на првите цивили од „Азовстал“: На сонце по два месеци поминати во тунели

Продолжува евакуацијата на цивили од челичарницата „Азовстал“ која е последното упориште на украинските војници во Мариупол.

Првите стотина цивили веќе се на 200 километри од воените дејствија во градот Запорожје кој е под украинска контрола, а очекувањата се евакуацијата по хуманитарниот коридор да продолжи со исто, ако не и зголемено. Дел од тие кои веќе се на безбедно сведочат дека повеќе од два месеци поминале без елементарни услови за живот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Не можам да поверувам, два месеци во мрак. Кога стигнавме до автобусот за евакуација му реков на мојот сопруг: „Васја повеќе нема да мораме да одиме во тоалет со светилка? И нема да користиме кофа, кофа (како тоалет) со светилка“. Ние не видовме сонце. Бевме премногу исплашени.- Наталија Усманова

Ситуацијата во тунелите на „Азовстал“ е критична. Цивилите и војниците кои се таму се речиси без храна, вода, но и медицинска помош за ранетите кои според проценките на украинските власти се неколку стотини. Украинскиот Претседател Зеленски, најави дека ќе продолжи со напорите да се евакуираат луѓето од Мариупол, а организирањето на хуманитарните коридори е дел од преговарачкиот процес со Русија.

Ќе продолжиме да правиме се за да ги евакуираме нашите луѓе од „Азовстал”, воопшто од Мариупол. Организирањето на вакви хуманитарни коридори е еден од елементите на тековниот преговарачки процес. Тој е многу сложен. Но, колку и да е тешко, повеќе од 350.000 луѓе беа спасени од регионите на воени дејствија.- Володимир Зеленски – Претседател на Украина

И додека трае евакуцијата на цивилите во Азовстал, на истокот и југот од Украина продолжуваат борбите меѓу двете страни. Русите и натаму напаѓаат во Донбас каде имаат умерен успех, но украинците со контра напади успеаа да го олабават притисокот вез градот Харков кој од почетокот на војната е мета на гранатирања. Дека Русија нема намера да сопре со воените дејствија потврди и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Тој во интервју за италијанска телевизија кажа и дека фактот што Зеленски има еврејско потекло не ги негирало нациситичките елементи во Украина.

Аргументот кој тој (Зеленски) го презентира, „како може кај нас да има нацисти кога јас сум Евреин“. Јас ако добро паметам. Се плашам да не направам грешка. Но, според мене и Хитлер исто така имал еврејска крв. Тоа не значи апсолутно ништо. Ние долго време ја слушаме мудроста на еврејскиот народ кој вели дека најголемите анти-семити по правило се Евреи. – Сергеј Лавров – Министер за надворешни работи на Русија.

Изјавата на Лавров предизвика бурни реакции во еврејската заедница ширум светот. Во Израел најавени се протести, а шефот на израелската дипломатија побара извинување од Лавров. Во меѓувреме, војната постепено се префрла и на руска територија. Зачестените воздушни напади врз руските градови продолжија и во текот на ноќта со напади врз градот Белгород. Руските власти во неколку наврати се заканија со контра мерки за таквите напади, а Претседателот на руската Дума Вјачеслав Володин денеска се закани и на сите Премиери и Претседатели на држави кое воено ја помагаат Украина со обвинение за воени злосторства. Дека војната може да се прелее и надвор од украинска територија најава даваат и зачестените тензии во Молдавија, конкретно во сепаратистичкиот регион Приднестровје. Британски Тајмс повикувајќи се на украински воени извори пишува дека Русија би можела да изврши инвазија врз Молдација на 9 мај иако не објаснува прецизно како би се случило тоа имајќи предвид дека руските воени сили се оддалечени околу 300 километри од регионот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.