HomeАктуелноEдна од најуспешните македонски компании бара работници – плата 37.000 денари

Eдна од најуспешните македонски компании бара работници – плата 37.000 денари

Макпетрол АД е синоним за доверба, квалитет и иновации во енергетскиот сектор! Со 78 години искуство, ние сме најголемата компанија за снабдување со горива, природен гас и енергетски решенија во Република Северна Македонија. Нашата широка мрежа од 126 бензински станици, постојаните инвестиции во био-горива и нашите над 2000 вработени ја прават компанијата идеално место за професионален раст и развој.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ако сте амбициозни, посветени и сакате да бидете дел од успешна приказна, ова е вашата шанса!

ОГЛАС

За вработување на 7 (седуммина) работници на работно место манипулант – општ работник на определено време од 4 (четири) месеци (со можност за продолжување) во „Макпетрол“ АД. – Скопје во Полнилница Миладиновци (ТНГ) Дирекцијата за големопродажба.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

Завршено основно или повисок степен на образование;
Со или без работно искуство.​
Работното време за горенаведеното работно место, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до сабота.
Основната нето плата за горенаведеното работно место изнесува 37.000 денари.
Ноќната работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа се плаќа дополнително согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација – со јасно наведено работно место за кое аплицираат;
Кратка биографија;
Копија од диплома за завршено образование;
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија.

Потребните документи да се достават на адреса:

„Макпетрол“ А.Д. – Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје

лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532

Пријава до: 29. 12. 2025.

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.