Февруари е месец на ретките болести, а Здружението „Ретко е да си Редок” секоја година го обојува Охрид во боите за поддршка на лицата со ретки болести, нивно соодветно лекување и вклопување во општеството, велат од Културолошка иницијатива 5 до 12 – Охрид, најавувајќи го утрешниот настан.
Во соработка со КУД „Гердан од Бисери” и МКОЦ „Соната” ве покануваме на културно-забавен настан со кој ќе го кренеме гласот за лицата со ретки болести. Утре на плоштадот „Св. Климент Охридски” со почеток во 12 часот, информираат од КИ 5 до 12.
Воедно повикуваат на поддршка за ретките.
