HomeАктуелноMесното население од Велгошти, Лескоец, Скребатно, Завој, Свињишта, Сирула, Косел и Вапила на средба со СВР Охрид

Mесното население од Велгошти, Лескоец, Скребатно, Завој, Свињишта, Сирула, Косел и Вапила на средба со СВР Охрид

Вчера, отсекот за превенција при СВР Охрид, одржа работна средба со месното население од охридските села Велгошти, Лескоец, Скребатно, Завој, Свињишта, Сирула, Косел и Вапила. Средбите имаа превентивно едукативен карактер со цел, подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари, при што, низ разговори и интеракција, пред жителите на овие населени места беа изнесени општите мерки и посебните превентивни мерки и препораки за заштита на шумите и другите површини на отворен простор од пожари. Полициските службеници, посебно ја нагласија потребата од итно известување за евентуално настанат пожар што ќе значи брза реакција на надлежните служби за негово локализирање и гаснење.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.