⚽ OHRID FREED 2025 – ЧЕТВРТИ ДЕН!
Возбудата расте! По четири возбудливи дена исполнети со одличен футсал, неизвесни натпревари и многу емоции, вчера се заокружи групната фаза на турнирот Ohrid FREED 2025!
Резултати 30. 10. (четврток):
МАГНА : ЈП Колектор : ЈП Нискоградба – 2:4
КОСТАЛ Македонија : Општина Охрид – 7:3
Инекс Олгица Хотел и СПА : ЈП Охридски Комуналец – 2:1
✅ По завршувањето на вчерашните натпревари, познати се и осумте најдобри екипи кои продолжуваат во четвртфиналните натпревари, таму каде што секој потег може да биде пресуден, а секој гол може да значи пласман во големото полуфинале!
Најинтересно во групната фаза беше во групата Б каде трите екипи имаа ист број на бодови но согласно гол разликата во четвртфинале се пласираа екипите на ЈП Охридски Комуналец и Инекс Олгица Хотел и СПА.
Благодарност до сите екипи за фер и борбена игра, до публиката за фантастичната поддршка кои создадоа вистинска спортска атмосфера во спортската сала “Билјанини Извори”.
Следуваат четвртфиналните дуели – најдоброто допрва доаѓа!
Четвртфинале:
03.11.2025 (понеделник)
Гранит X : Инекс Олгица Хотел и СПА – 20 часот
Гостилница кај Мече : Костал – 21 часот
04.11.2025 (вторник)
Провелд : ЈП Охридски Комуналец – 20 часот
АСП ПАК : ЈП Колектор и ЈП Нискоградба – 21 часот
Се гледаме на 03 ноември, 20 часот! – стои во соопштението.
