HomeАктуелноTемператури до 31°C – Во овие делови и пороен дожд! Метеоцентар со детална прогноза

Tемператури до 31°C – Во овие делови и пороен дожд! Метеоцентар со детална прогноза

Во деновите од викендот времето ќе виде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во понеделник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност, а од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Времето денеска ќе биде сончево и  многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 30 степени Целзиусови. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР),  и утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во понеделник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност, а од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 04.05.2025
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 24°C до 31°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Прогноза за 05.05.2025
Минимална температура: 7°C до 13°C
Максимална температура: 23°C до 31°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Прогноза за 06.05.2025
Минимална температура: 8°C до 13°C
Максимална температура: 22°C до 30°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.