На 15.06.2023 во 21.45 часот, во СВР Охрид пријавено e дека на крстосницата помеѓу булеварот „Македонски просветители” и улицата „Даме Груев” во Охрид, М.К.(61) од Република Турција, управувајќи патничко моторно возило „рено” со шведски регистарски ознаки, удрил во С.П.(64) од Охрид , информирааат од СВР Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.П., констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо” во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид , додаваат од СВР Охрид.
