Синоќа Штип беше центарот на Македонија во знакот на вистински музички спектакл – настапот на балканската ѕвезда Дино Мерлин. Неколку десетици илјади посетители со воодушевување ги пееја неговите најголеми хитови како „Кад си рекла да ме волиш“, „Десет млађих“, „Све је лаже“ и „Ране“.
Настанот беше повеќе од концерт – целиот град живееше во ритамот на музиката, со мирис на топли пастрмајлии, полни локали и голема раздвиженост низ улиците.

Според реакциите на публиката, ова беше прекрасен настан организиран по највисоки светски стандарди. Штип уште еднаш покажа како се организираат големи концерти, а Македонците покажаа дека знаат да се забавуваат и уживаат. Настапот на Мерлин уште еднаш потврди дека е едно од најголемите и најсакани музички имиња во регионот, а публиката од Штип ќе го памети долго како вечер исполнета со емоции, енергија и незаборавна забава.
