HomeАктуелноБрза помош Охрид: Да се внимава со конзумирањето храна и пијалоци, но и да се почитуваат Ковид мерките.

Брза помош Охрид: Да се внимава со конзумирањето храна и пијалоци, но и да се почитуваат Ковид мерките.

Да се внимава со исхраната, да не се внесува многу мрсна храна, количински да не јаде многу, алкохол да не се конзумира во огромни количини и да се почитуваат Ковид мерките порачува вели Д-р Љупка Николоска, началник во Итната медицинска помош Охрид, за дочекот на Новата година и претстојните празници.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Да се конзумира храна и пијалоци со мерка. Да се запазуваат Ковид мерките, бидејќи во последно време имаме зголем број на заболени во Охрид. Ако сакаме убаво да ја почнеме Новата година мораме да бидеме дисциплинирани и за самиот дочек, вели Николоска.

Брзата помош, вели, има дежурства вечерва и зајакнување на службата деновиве за празниците, бидејќи како што можеме да забележеме веќе Охрид се полни со гости.

Би сакала како и секоја година да сме подготвени и на ниво на задачата за време на новогодишната ноќ и празниците. Години наназад новогодишната ноќ за жал се забележуваат многу случаи на пијанства и конзумирање на наркотици. Се надеваме дека ќе надвладее свеста кај луѓето во овие празнични денови, додава Николоска.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.