Големо невреме проследено со силни бури го зафати источниот брег на Австралија, додека западниот дел од континентот страда од суша и шумски пожари. Во невремето најмалку 9 лица загинаа, меѓу кои и дете, водни порои однесоа луѓе, ветерот собори дрвја, 80.000 домаќинства останаа без струја, соопштија австралиските власти. Загинатите луѓе се во сојузните држави Квинсленд и Викторија, кои од понеделникот беа погодени од невреме што предизвика порои и силни ветрови кои соборија дрвја.
Брод со 11 лица се превртел кај Бризбејн, кога се удавиле тројца мажи, известила полицијата која денеска по несреќата пронашла уште едно безживотно тело.
Областа на Квинсленд се уште е во опасност од опасните бури и поплави кои можат да бидат смртоносни, како и силен град и штетни ветрови, предупреди австралиската метеоролошка служба. Регионалната енергетска компанија „Енергекс“ соопшти дека повеќе од 80.000 домаќинства се уште се без струја, откако вчера објави дека 120.000 корисници се погодени од прекини во снабдувањето со електрична енергија.
