HomeАктуелноГоривата паѓаат, следен на удар се маркетите: Владата најави јавно објавување на цените

Горивата паѓаат, следен на удар се маркетите: Владата најави јавно објавување на цените

Поевтинуваат горивата: Владата бара и пониски цени во маркетите, Мицкоски предупреди дека нема да толерира изговори

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите малопродажни цени на горивата, кои стапуваат во сила од полноќ. Бензинот БС-95 ќе се продава по 84 денари за литар, БС-98 по 86 денари, додека дизелот ќе чини 80,5 денари за литар.

Намалувањето на цените следи по падот на цената на нафтата на светските берзи, откако Ормутскиот теснец повторно беше отворен за сообраќај. Барел нафта од типот „брент“ се тргува по околу 80 долари, а премиерот Христијан Мицкоски очекува ова ниво да се задржи и во наредниот период. Сепак, според него, позначајните ефекти нема да се почувствуваат веднаш, бидејќи танкерите што беа задржани во Заливот ќе пристигнат на своите дестинации дури по околу еден месец.

Владата, како што посочи министерката за финансии Гордана Кочоска, го ублажила ценовниот шок преку намалување на ДДВ-то и акцизите. Според досегашните пресметки, државниот буџет останал покус за околу 24 милиони евра само поради намалените акцизи.

По намалувањето на цените на горивата, Владата очекува реакција и од трговците. Премиерот Мицкоски најави итна средба со сопствениците на маркетите и дистрибутерите, од кои ќе побара поевтинување на основните прехранбени производи.

„Оправдувања и изговори не прифаќам. Ако не се види реакција во следните денови, Владата ќе реагира. Ќе правиме споредби со цените во регионот и, ако треба, јавно ќе ги објавуваме маркетите и производите“, порача Мицкоски.

Во меѓувреме, од СДСМ обвинија дека животниот стандард на граѓаните се влошува, работниците земаат најниски плати во Европа, а најранливите категории не добиле ветена поддршка. Пратеничката Јованка Тренчевска оцени дека пензионерите биле изманипулирани, а ветените мерки за социјална помош не се реализирани.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во мај изнесува 4,8 проценти. Од друга страна, Сојузот на синдикати пресмета дека на четиричлено семејство месечно му се потребни над 68.600 денари за покривање на основните животни трошоци.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.