HomeАктуелноЕВН најави исклучувања: Овие општини ќе останат без струја

ЕВН најави исклучувања: Овие општини ќе останат без струја

Жителите на повеќе улици во скопската општина Бутел денеска ќе се соочат со времен прекин во снабдувањето со електрична енергија поради планирани активности на електродистрибутивната мрежа.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН, информираат дека исклучувањата ќе се реализираат во неколку временски интервали.

Во периодот од 08:00 до 10:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Боца Иванова“, како и магацинот на ЕВН и објектот на автосервисот „Дон“.

Потоа, од 10:00 до 12:00 часот, прекин во снабдувањето ќе имаат корисниците од улиците „Душко Поповиќ“, „Томе Пуре“ и повторно дел од улицата „Боца Иванова“.

Во последниот термин, од 12:00 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците од улиците „Александар Турунџиев“ и „Рокомија“.

Надлежните апелираат до граѓаните навреме да ги планираат своите активности и да преземат соодветни мерки додека траат планираните прекини на електричната енергија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.