HomeАктуелноМинистерство за финансии: Општина Охрид должи 8,1 милиони, Струга 3,3 милиони евра

Министерство за финансии: Општина Охрид должи 8,1 милиони, Струга 3,3 милиони евра

Министерството за финансии го објави Извештајот за пријавени обврски по субјекти за период јуни 2022 година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
 Според истиот, петте општини со најголем долг во Република Македонија се: Тетово со 14,2 милиони евра досепани, а ненаплатени обрски, Општина Охрид со 8,1 милиони, Општина Струга со 3,3 милиони, Општина Делчево 3,1 милиони евра и Гостивар со 3 милиони евра. Градот Скопје пак има 1,84 милиони евра доспеани, а ненаплатени обврски, додека од скопските општини најмногу должи Општина Карпош – 2, 26 милиони евра.

Со измените на Законот за финансисрање на единици на локална самоуправа што се изгласаа во вторникот во Собранието, продолжува процесот на децентрализација што значи дека во општините ќе оди поголем процент од данокот на личен доход и од данокот на додадена вредност место досегашните проценти. Имено, приходите на општините од данокот на личен доход кои досега изнесуваа 3 проценти, до крајот на 2022 година ќе се зголемат на 4 проценти, во 2023 на 5 и во 2024 година на 6 проценти.

Приходите од данокот на додадена вредност се зголемуваат од досегашните 4,5 проценти, на 5 проценти годинава, понатаму, на 5,5 во 2023 година, и ќе достигнат 6 проценти во 2024 година.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.