HomeАктуелноОхрид со музичка и забавна програма на градскиот плоштад

Охрид со музичка и забавна програма на градскиот плоштад

За забавниот дел на дочекот на Новата Година на градскиот плоштад во Охрид ќе се погрижат диџеите Јана Слеј и Багзи, Татијана Стефановска, групата DNK, Нино Величкоски и групата „Фортуна“,  а почетокот е закажан од 21:00 часот, информираше денес градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.
Тој исто така потенцираше дека на 1-ви јануари 2024 г. точно на пладне ќе настапат групата „Балкан џем“ и Драган Мијалкоски.
Инаку, со „Светот на Биби“ на 28-ми декември започнува Новогодишната програма што на градскиот плоштад “Св. Климент Охридски“ во Охрид ја организира локалната власт. Наредниот ден на плоштадот ќе се одржи театарската претстава „Ракавиците на Дедо Мраз“, а на 30-ти декември детската претстава „Далматино и Дедо Мраз“.
На 31 декември на плоштадот ќе биде одржан музичко – театарскиот спектакл за деца и млади „Новогодишна детска бајка“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Сите случувања кои се дел од новогодишната програма, а се посветени за најмладите ќе започнуваат во 12:30 часот.
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.