HomeАктуелноРама: Во понеделник патуваме за Брисел да го започнеме новиот пат

Рама: Во понеделник патуваме за Брисел да го започнеме новиот пат

Албанскиот премиер Еди Рама со реакција по одобрувањето на францускиот предлог во Собранието на Северна Македонија, велејќи дека конечно повеќе „нема никаква пречка за преговорите за членство на Албанија во ЕУ“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Конечно! Преговорите за членство на Албанија во Европската Унија веќе немаат никакви пречки! Собранието на Северна Македонија штотуку даде зелено светло за последниот француски предлог. Апсурдното заложништво на Албанија заврши, напиша Рама во подолга објава на „Фејсбук“.

Додава дека „беа потребни три исцрпувачки години од донесувањето на одлуките на Европскиот совет за да се отвори патот за преговори, така што синџирот на вештачки пречки поставени пред Албанија е целосно израмнет“.

Меѓудругото заблагодарувајќи им се на стратешките сојузници, Рама нагласува дека „албанската делегација ќе замине во понеделник во Брисел за да го започне овој нов дел од патот, почнувајќи ги преговорите за членство“.

– Ќе успееме и во овој нов дел од напорите, со поблиско поврзување со Албанците и насочување со нови сили на врвот каде што ќе ја воздигнеме Албанија, напиша меѓудругото Рама.

На објавата на која постира фотографија со поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, тој посебна благодарност упати и до сопругата Линда и децата за поддршката.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.