HomeАктуелноСВР Охрид со мерки за безбедност во сообраќајот до манастирот „Св.Еразмо”

СВР Охрид со мерки за безбедност во сообраќајот до манастирот „Св.Еразмо”

Полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, ќе вршат физичко  и пунктовско обезбедување на предвидената траса.

СВР Охрид, презема соодветни мерки за безбедно одвивање на денешните и утрешните чествувања на празникот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски Чудотворец. Со оглед на градежните активности на автопатската делница кон Охрид кои моментно се изведуваат,  сообраќајот до манастирот „Св.Еразмо” ќе се одвива по стариот пат Охрид-Струга и кај Подмљје, кон Охрид, ќе биде дозволен пристап со возила  до манастирскиот комплекс каде, ќе биде можно паркирање од двете страни на коловозот. Напуштањето на комплексот ќе биде кон Подмољје и потоа по стариот пат Охрид-Струга. За таа цел, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, ќе вршат физичко  и пунктовско обезбедување на предвидената траса а целта е безбеден сообраќај и избегнување на незгоди и други проблеми во сообраќајот.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на предвидениот патен правец.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.