HomeАктуелноСиноптичарите со детална временска прогноза, еве какво време ќе имаме за време на новогодишната вечер

Синоптичарите со детална временска прогноза, еве какво време ќе имаме за време на новогодишната вечер

До понеделник продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, од утре со зголемена променлива облачност. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и таму температурата преку денот ќе биде пониска. Од понеделник преку денот ќе дува слаб до повремено умерен претежно југозападен ветер.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Прогноза за 31.12.2023
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 9°C до 15°C

Променливо облачно и тивко, по котлините со појава на утринска магла.

Прогноза за 01.01.2024
Минимална температура: -4°C до 5°C
Максимална температура: 8°C до 16°C

Сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. По котлините ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе слабее. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми.

Прогноза за 02.01.2024
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Претпладне облачно со локални врнежи од дожд, претежно во западните делови. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.