HomeАктуелноСрбија гласа на предвремени парламентарни избори

Србија гласа на предвремени парламентарни избори

Во Србија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ова е петто парламентарно гласање откако Српската напредна партија на претседателот Александар Вучиќ ја презеде власта во 2012 година.

Последните анкети покажуваат дека Вучиќ и социјалистите – неговите коалициски партнери – можат да соберат повеќе од 50 проценти од гласовите, а „Србија против насилството“ добива поддршка од речиси 24 проценти. Се очекува уште три коалиции да го поминат прагот од три проценти за влез во парламентот.

Вкупно 18 партии и здруженија се борат за поддршка од 6,5 милиони гласачи за 250 места во парламентот. Заедно со изборите за нов парламент, ќе се гласа и за локални власти во 65 општини.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.