Времето денес ќе биде променливо облачно, во источните делови со подолги сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со слаб југоисточен ветер. T= 5 °C, P= 980 hPa, U= 68 %, V= 2 m/s.
Времето утре ќе биде променливо облачно во западните делови на државава, а по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала облачност. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје претпладне со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала облачност.
Прогноза за 12.12.2023
Минимална температура: -3°C до 2°C
Максимална температура: 8°C до 15°C
Претпладне променливо облачно, во западните делови со услови за локален дожд, а по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.
Прогноза за 13.12.2023
Минимална температура: -2°C до 3°C
Максимална температура: 8°C до 14°C
Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец, кој на места ќе засилува.
Прогноза за 14.12.2023
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 10°C до 16°
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
