HomeАктуелно(Фото) „Долго време молчевме“: Антониа Гиговска на 22-от роденден откри дека ќе стане мајка – ова е нејзиниот нов избраник

(Фото) „Долго време молчевме“: Антониа Гиговска на 22-от роденден откри дека ќе стане мајка – ова е нејзиниот нов избраник

Антониа Гиговска на својот 22-ри роденден ги воодушеви фановите со прекрасните вести кои ги сподели.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Имено, пејачката објави дека таа и нејзиниот партнер очекуваат дете.

„Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое. Отсега секој мој роденден ќе го славиме заедно. Погодете кој ќе стане мајка… Што мислите, машко или женско е? Ние веќе знаеме“, напиша Гиговска во описот на фотографиите.

 

Пејачката откри и дека нејзиниот избраник ја запросил, но и дека сам го избирал вереничкиот прстен. 

„Прстенот го бирал сам. Умирам од среќа. Си славам. Роденден, бебче, прстен, сè“, додава Антониа во објавата.

Јавноста речиси ништо не знае за нејзиниот иден сопруг, освен дека музиката и нему му е животна определба.

Оние кои го следат животот на Антониа, лесно ќе препознаат дека тоа е човекот со псевдоним „Џокер“, кој е дел од нејзиниот бенд со кој настапува и за кого воедно се шпекулираше дека е во љубовна врска.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.