Веќе 10 дена трае потрагата по исчезнатиот Македонец, 31-годишниот Мартин Јовановски, кој беше повлечен од морските струи на Халкидики.
Неговиот брат Горан пристигна од САД со сопругата и неговото дете за да се приклучи во потрагата.
Горан испрати апел до грчката Влада да се вклучи во потрагата затоа што истата е премногу скапа.
„За жал нема резултат. Заглавени сме во друга држава, но не можам да си заминам без брат ми. Потрагата е прескапа затоа што се изнајмуваат чамци и подводни дронови“, вели Горан.
Братот на Мартин испрати апел и до локалното население да се вклучи во потрагата по исчезнатото момче од Македонија.
