Србија е под вода. Се урна мост кај Чачак, а вонредна состојба е на сила во 52 града и општини.
Мостот на Западна Морава, кој ги поврзува чачачките села Мрчајевце и Слатина, рано утринава е целосно уништен пред поројните дождови и обилните врнежи од дожд кои го зафатија Чачак и околината.
Најкритично е во околината на Краљево. Водата го однесе мостот на Ибарската магистрала во Адране кај Краљево, па сообраќајот на тој дел од автопатот е во прекин. Поплавниот бран се движи кон Куршумлија, Прокупље и Дољевац.
Još jedan most na Moravi… pic.twitter.com/uVWHO9CDnw
— vragolast (@vragolast) June 17, 2023
