HomeАктуелно(Видео) Со т.н. ноќен радар 119 санкции за брзо возење на територија на цела држава

(Видео) Со т.н. ноќен радар 119 санкции за брзо возење на територија на цела држава

Во текот на изминатата вечер (13.07.2022) во периодот од 21.00 до 24.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 119 возачи. Од нив, две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 76 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 43 надвор од населено место.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.