ВМРО-ДПМНЕ се простија од градоначалникот на Бревеница, Јовица Илиевски, кој ненадејно почина.
-Со длабока тага и неверување ја примивме веста за ненадејната смрт на Јовица Илиевски, претседател на Општинскиот Комитет Брвеница и градоначалник на општината.
Јовица беше работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на луѓето и на општината што ја водеше.
Функцијата ја разбираше како обврска кон граѓаните, а довербата што ја доби ја оправдуваше со работа, со присуство и со резултати.
Беше секогаш меѓу луѓето. Ги слушаше, им помагаше и се бореше за нивните потреби.
Ќе го паметиме како голем вљубеник во спортот, човек со силна енергија, искрен пристап и отворено срце.
ВМРО-ДПМНЕ во овие моменти, упатува длабоки сочуство кон семејството на Јовица Илиевски, и ја споделува тагата заедно со неговите најблиски, со граѓаните на Брвеница и со сите што го познаваа и почитуваа.
Вечен спомен!, напишаа од партијата.
