HomeАктуелноВозете внимателно, еве каде има врнежи од снег

Возете внимателно, еве каде има врнежи од снег

СОСТОЈБА НА ПАТИШТА:

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на П.Шапка,  Ресен, Крушево, Буково, Ѓавато и Пресека.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон02 25 61 502 – стои во соопштението на јавното претпријатие

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.