HomeАктуелноВонредна информација од ЦУК

Вонредна информација од ЦУК

Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека како последица од невремето на територијата на град Охрид и Општина Дебарца се пријавени повеќе штети и поплавувања на станбени, деловни објекти, подрумски простории, штета на кровни конструкции, соларни панели како и земјоделски насади. Екипите со вработени од јавните претпијатија се постојано на терен со цела механизација со која се располага. Колекторот е ставен во функција, а се чистат и сливниците каде што што има проблем со фекална и атмосферска канализација. Во моментот нема врнежи од дожд и град, водата од улиците е повлечена и до крајот на денот целиот град се очекува да биде исчистен , информираат од ЦУК.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.