Во Струга нема мерни станици за квалитетот на амбиенатлниот воздух, но ќе се поставуваат дваесет уреди, а ќе биде отворен и Инфо центар за граѓаните.
Иако Охридското езеро се смета за природен филтер, загадувањето на воздухот го урива имиџот. Градовите распослани на брегот се соочуваат со лош квалитет на воздухот. Охрид има повеќе мерни станици, кои покажуваат просечно, но во ноќните часови и енормно загадување на воздухот, со што градот неретко се вбројува меѓу најзагадените во земјава.
Во соседна Струга нема мерни станици, но активистите велат и стружани се гушат од загаден воздух, затоа ќе се поставуваат 20 мерни уреди.
Во Струга ќе биде отворен и Инфо центар за опасностите од загадувањето, каде граѓаните секојдненво ќе може да се информираат за параметрите на воздухот.
извор: ТВМ
