Не е мал бројот на Македонци кои скенираат сметки и го очекуваат повратот на средствата на секои три месеци.
На социјалните мрежи велат дека, и овој приход, им е испланиран и добредојден во семејниот буџет, а се што треба е да скенираат сметки, а доколку ги немаат се трудат да ги обезбедат и од други.
540 илјади корисници, граѓани кои редовно скенираат фискални сметки се најсилна потврда за успешноста и значајноста на оваа мерка. Од една страна враќаме пари кај граѓаните, а од друга се бориме против сивата економија. Ќе продолжам да се борам и понатаму, оваа мерка да биде најдоброто нешто од сите мерки коишто досега сме ги реализирале, вели заменик претседателката на СДСМ и директорката на УЈП Сања Лукаревска.
