HomeАктуелноГлавниот туристички центар Охрид подготвен за дочек на Новата 2024 година

Главниот туристички центар Охрид подготвен за дочек на Новата 2024 година

Балканскиот Ерусалим плени со својата убавина во новогодишното руво. Главниот туристички центар, Охрид подготвен за новогодишните и божиќните празници, во очекување на како домашните така и странските туристи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Детски претстави, диџеи, народна музика, содржи новогодишната програма на Општина Охрид.

На дочекот на Новата Година на градскиот плоштад за забавата ќе се погрижат диџеите Јана Слеј и Багзи, Татијана Стефановска, групата DNK, Нино Величкоски и групата „Фортуна“.

Со „Светот на Биби“ на 28-ми декември започнува Новогодишната програма што на градскиот плоштад “Св. Климент Охридски“ во Охрид ја организира локалната власт. Наредниот ден на плоштадот ќе се одржи театарската претстава „Ракавиците на Дедо Мраз“, а на 30-ти декември детската претстава „Далматино и Дедо Мраз“.

На 31 декември на плоштадот ќе биде одржан музичко – театарскиот спектакл за деца и млади „Новогодишна детска бајка“.

Сите случувања кои се дел од новогодишната програма, а се посветени за најмладите ќе започнуваат во 12:30 часот.

На дочекот на Новата Година на градскиот плоштад во Охрид за забавата ќе се погрижат диџеите Јана Слеј и Багзи, Татијана Стефановска, групата DNK, Нино Величкоски и групата „Фортуна“. Почетокот е закажан за 21:00 часот.

На 1-ви јануари 2024 г. точно на пладне ќе настапат групата „Балкан џем“ и Драган Мијалкоски.

фото: powerinfo.mk/Елена Ристеска

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.