HomeАктуелноДенес се промовира ,,Најди ме” – веб страница за исчезнати деца

Денес се промовира ,,Најди ме” – веб страница за исчезнати деца

Партнерите на проектот ќе работат заедно за да ги заштитат децата од исчезнување и да спречат да им се наштети на погодените. Преку ангажирање на различни засегнати страни (јавен и приватен сектор, граѓански организации, медиуми) ќе се стремиме за успешна имплементација на системот за рано предупредување за исчезнатите деца и преку негово фунционирање поддршка на напорите на општеството во потрагата и заштитата на исчезнатите деца, стои на веб страната „Најди ме“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во организација на Граѓанската организација Новинари за човекови права, во соработка со партнер организацијата ЕКПАТ-Австрија, денеска ќе се одржи завршната конференција на проектот „Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца“, на која ќе биде промовирана веб-страницата на Систем за рано предупредување за исчезнати деца – najdime.org.mk.

Веб-страницата ќе биде на три јазици – македонски, албански и ромски, а ќе фунционира со поддршка на Министерството за внатрешни работи.

Ќе бидат промовирани и останатите постигнувања од проектните активности во изминатите две и пол години и препораките до институциите. Ќе се дискутира и за бенефитот од размената на искуства, олеснетата меѓуинституционална размена на информации и поддршката на системот за алармирање за да се намали ризикот од исчезнување на децата и да се забрза процесот на наоѓање.

Системот за рано предупредување ќе споделува информации за исчезнатите по претходна потврда на пријавата во МВР, по што ќе се дистрибуираат преку каналите за комуникација на партнерите, бизнисите со кои е остварена соработка: банкомати на банки, дигитални дисплеи во јавниот сообраќаен превоз, комуникациски канали на групацијата за такси превоз, хотелските услуги…, посочуваат од Новинари за човекови права.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.