HomeАктуелноДетали за тешката сообраќајка кај Студеничани: Повредени 3 лица, нема загинати

Детали за тешката сообраќајка кај Студеничани: Повредени 3 лица, нема загинати

Вчеравечер тешка сообраќајка се случи на влез на Студеничани при судир на мотоцикл и мотокултиватор. Повредени се три лица.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 29.07.2022 околу 19.15 часот во Скопје на ул.„Јустинијан Први“, на влез во с.Студеничани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(26) с.Гумалево, скопско и мотокултиватор „ИМТ 509“, без регистарски ознаки, управуван од Е.Р.(49) од с.Студеничани, соопшти МВР.

Во несреќата, Д.Н. и неговиот сопатник Ф.Ќ.(24) од с.Гумалево се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека Е.Р. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.

Тешка сообраќајна несреќа ВЕЧЕРВА ја потресе Македонија

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.