HomeАктуелноДоаѓа нестабилно време проследено со врнежи од дожд и снег

Доаѓа нестабилно време проследено со врнежи од дожд и снег

Облачно и студено со врнежи од снег на планините, а од дожд на пониските места. Попладне ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Скопје облачно со врнежи од дожд. Во повисоките делови од котлината врнежите попладне ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Во петок ќе дува засилен северен ветер, времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. За време на викендот и почетокот на следната седмица ќе се задржи стабилно време, а температурите од понеделник ќе бидат во пораст.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.