HomeАктуелноДоаѓа промена на времето во Македонија, подответе се за врнежи од дожд и снег

Доаѓа промена на времето во Македонија, подответе се за врнежи од дожд и снег

Под влијание на влажен бран утре ќе има локални врнежи од дожд. Ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе засилува, а од понеделник температурите ќе опаднат. Нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег се очекува во среда и четврток.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Прогноза за 04.12.2023
Минимална температура: -3°C до 5°C
Максимална температура: 5°C до 11°C

Наутро променливо облачно, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и посвежо. Ќе дува слаб до умерен, а претпладне наместа долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 05.12.2023
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 4°C до 11°C

Претежно облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во ноќните часови ќе има локални врнежи од дожд.

Прогноза за 06.12.2023
Минимална температура: 1°C до 5°C
Максимална температура: 5°C до 12°C

Променливо облачно со локални врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.