HomeАктуелноДрама во Охрид: Нарушен е јавниот ред и мир со непристојно скандирање и истакнување знаме или грб

Драма во Охрид: Нарушен е јавниот ред и мир со непристојно скандирање и истакнување знаме или грб

На 28.06.2023 во 13.30 часот во СВР Охрид, е пријавено дека на тераса од сместувачки објект лоциран на булеварот „Македонски Просветители” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со непристојно скандирање и истакнување знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во врска со пријавата, во СВР Охрид се повикани двајца малолетници од Косово, гости во објектот, со кои во присуство на нивниот раководител и со претставник од Центарот за социјални работи од Охрид, е извршен службен разговор. Од страна на полициските службеници изготвен е записник за констатиран прекршок и известен е Судија на претходна постапка по чии насоки ќе бидат преземени понатамошни мерки, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.