На 31.05.2022 околу 16.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на крстосницата од булевар „Железничка” со улица „Абас Емин” во Охрид настанала расправија помеѓу Б.А.(52) од Охрид и П.С.од село Подмољје.
Притоа, според пријавеното, Б.А. се обидел да се качи на градежна машина со намера физички да го нападне П.С., кој извршувал работни задачи, при што паднал и се здобил со тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додава портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
