HomeАктуелноЕве кој ќе се офајди, овој политичар од јануари ќе зема 190 000 денари плата!

Еве кој ќе се офајди, овој политичар од јануари ќе зема 190 000 денари плата!

Платата на сите функционери несопирливо ќе расте со порастот на просечната плата, оти така е уредено со законот и веќе од јануари 2024 година тие како основица ќе ја имаат просечната исплатена плата по вработен за 2023 година, која се очекува да биде значително поголема од просечната бруто-плата за 2022 година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што анализира „Слободен печат“, од 1 јануари нивните месечни примања ќе бидат зголемени и до 40.000 денари бруто, односно 24.000 нето за највисоките функционерски плати!

За споредба, просечната бруто-плата лани изнесувала 43.509 денари, во јануари годинава била 50.837 денари, а во веќе во јули 54.434 денари.

Така, околу 2.000 функционери – министри, заменици-министри, пратеници, судии, градоначалници, раководители, советници и други избрани и именувани лица ќе земаат уште по најмалку 150 евра месечно, а најмногу по 400 евра месечно, во зависност од коефициентот на сложеност, а кој е од 2,2 до 4,5.

Додека граѓаните се во грч од нови поскапувања, функционерите одбројуваат до следното зголемување на нивните плати и тоа од 300 до 500 евра.

Па така, шефот на државата, следната година ќе зема околу 190 илјади денари плата, премиерот Ковачевски 180, а пратениците над 122 илјади денари.

Ваквото зголемување ќе биде редовно секоја година, оти Уставниот суд ја укина фиксната основица, па сега, како расте просечната плата, така ќе растат и платите на министрите, судиите, обвинителите, градоначалниците…вкупно 1.060 функционери.

Според синдикатите, ова уште повеќе ќе ги налути работниците.

„По наши математики тоа ќе биде околу 15%. Тие 15% нема да бидат на платата мината од илјада евра, туку на 2,3,4 илјади евра колку што добиваат функционерите.

Не знам со кого пијат кафе министрите или пратениците од сабајле, ама би било убаво да испијат кафе со некој од приватниот или јавниот сектор и да ги прашаат колку е реална платата што ја добиваат на нивните сметки. Бидејќи со 20 илјади денари минималец не се издржува“ – Трпе Деановски, УПОЗ

Дополнителните 15 отсто догодина, сосе 78-те од годинава, значи дека за една година функционерските плати ќе бидат зголемени за цели 93%.

Опозицијата ветува дека ќе ја менува пресметката откако ќе дојде на власт.

„Ќе имаме нов правилник на исплата на плати и нивелирање на коефициентите и нова методологија и тогаш нема да биде случај ова вие што го кажувате“ – Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Судската и обвинителската администрација бараат пораст на платите како функционерските, a бурно реагираа и останатите вработени во јавниот сектор кои добија само 10% зголемување.

Владата уште во април најави дека самата ќе ги спушти коефициентите за пресметка, па се премисли и рече дека ред со платите ќе стави нов закон кој е закочен поради многубројните забелешки од сите синдикати.

Пенизионерите од Штип не се откажуваат од барањата за линеарно покачување на пензиите, но тие сега бараат линерално покачување на пензиите за 5.000 денари.

Соња Арсовска член на Иницијативниот одбор за протести на пензионерите вели дека тешката социјална положба во која се наоѓаат, првпат во историјата на државата ги изнесе на улица за да си ги бараат своите права.

– Ќе продолжиме со протестите и ќе бараме и понатаму линеарно покачување на пензиите ама сега не за 3.500 денари, туку за 5000 денари, а зошто? Затоа што инфлацијата си го зема данокот, цените од 5 и 8 денари не ја менуваат нашата социјална положба, вели Арсовска.

Тие упатија и прашање до ресорната министерка, Јована Тренчеовска како може да се наруши стабилноста на фондот за пензинско и инвалидско осигурување ако има линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари, а не се наруши стабилноста на Буџетот кога се покачија на платите на функционерите од 78 проценти.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.