HomeАктуелноЗдравствените установи подготвени со дежурни екипи за новогодишната ноќ

Здравствените установи подготвени со дежурни екипи за новогодишната ноќ

Министерството за здравство информира дека сите јавно-здравствени установи во Република Северна Македонија во пресрет на одбележувањето на новогодишната ноќ се подготвени со дежурни екипи за обезбедување на потребната здравствена заштита кај пациентите.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Со цел избегнување несакани последици како алкохолни труења и сообраќајни незгоди, апелираме до граѓаните да прославуваат мирно и одговорно со консумирање на алкохолни пијалоци во умерени количини и да внимаваат на прекумерното внесување храна. Спречувањето на интоксикацијата со алкохол на новогодишната ноќ е важно за здравјето на поединецот и за здравјето на најблиските, наведува Министерството.

Воедно апелира, да не се користат пиротехнички средства кои може да предизвикаат тешки телесни повреди.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.