Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг вели дека тој нема да се довоуми да изврши нуклеарен напад доколку биде испровоциран од непријател со нуклеарно оружје, информира државната новинарска агенција. Ваквата изјава беше изнесена на состанокот со војниците на военото ракетно биро во врска со неодамнешната вежба за лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета, информира државната новинска агенција.
Како што беше соопштено тој да ја проценува воената подготвеност на нуклеарни сили против растечкото непријателство од САД, што, пак, наиде на осуда од Соединетите Држави и нивните сојузници.
Севернокорејскиот лидер рече дека лансирањето во понеделникот ја покажало високата мобилност и способност за брз напад на војската и повика на напори за дополнително зајакнување на нејзината борбена ефикасност, додаваат од државната новинска агенција.
Сестрата на Ким, Ким Јо Јонг, со посебна изјава го осуди Советот за безбедност на ОН за одржување состанок во врска со лансирањето на ракетата, велејќи дека тоа е остварување на правото на земјата на самоодбрана.
