На 07.06.2023 во 18.40 часот, на улица „Андон Дуков” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од М.Х. од охридското село Лескоец врз Б.Г.Н.(42) од Скопје.
Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
