Сообраќајните полицајци вчера на автопатот Тетово-Скопје меѓу 94 возачи кои ги казниле за пребрзо возење, откриле двајца кои се движеле со 214 и 227 километри на час. Акциската контрола за брзина со која се движат возилата, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје била спроведена од 15 до 21 часот на тетовско-гостиварското подрачје.
При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 94 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место од 66 во тетовскиот регион и 28 во гостиварскиот.
