HomeАктуелноМВР: Автомобил во движење се запали на булеварот „Јане Сандански“

МВР: Автомобил во движење се запали на булеварот „Јане Сандански“

Патничко возило „поло“ со скопски регистарски ознаки се запалило попладнево на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според полицијата, настанот бил пријавен во 17:56 часот во СВР Скопје, при што било наведено дека возилото, сопственост на С.М. (61) од Скопје, се запалило додека било во движење.

Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Од МВР дополнуваат дека нема повредени.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.