HomeАктуелноМеси одигра 30 минути во финалето со ваков зглоб (Фото)

Меси одигра 30 минути во финалето со ваков зглоб (Фото)

Лионел Меси не можеше да ги сокрие солзите кога го напушти теренот во 66-та минута, замена кооја бееше принудна поради повредата која ја заработи 30 минути претходно.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Аргентинкиот капитен самиот побара измена од Скалони и не можеше докрај да го одигра финалето на Копа Америка, па во прв момент тешко се носеше со емоциите.

Меси плачеше на клупата за резерви поради тоа што беше немоќен да им помогне на соиграчите, кои во продолжениот го израдуваа и му донесоа уште една ноќ за паметење.

Лаутаро Мартинез постигна гол во продолжението од 30 минути и Аргентина ја одбрани титулата на Копа Америка, а една од најсподелуваните фотографии од финалето е онаа од зглобот на Меси.

Лео си нанесе навистина голема штета и во 36-та минута при еден обид да нафрли топка, а аргентинските фанови го истакнуваат неговиот херојски чин, бидејќи Меси и со потечен зглоб успеа да издржи на теренот уште 30 минути.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.