HomeАктуелноМеџити: Обединетото Кралство ќе даде поддршка за изградба на нов Клинички центар

Меџити: Обединетото Кралство ќе даде поддршка за изградба на нов Клинички центар

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити во рамки на работната посета на Обединетото Кралство се сретна со министерот за извоз, оддел за бизнис и трговија Лорд Малколм Офорд од Гарвел, на којашто беше искажана подготвеност од нивна страна за поддршка при финансирање на проектот за изградба на новиот Универзитетски Клинички центар.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На средбата, министерот Меџити ја поздрави континуираната поддршка што Република Северна Македонија ја добива од Обединетото Кралство, која е втор најголем економски партнер на нашата земја.

Тие разговараа за имплементација и промоција на извозната стратегија во здравствениот сектор и испорака на надворешни директни инвестиции како дел од надлежностите на министерот за извоз при Обединетото Кралство.

Министерот за извоз, Лорд Офорд од Гарвел изрази поддршка и подготвеност за  воспоставување на соработка во сите области кои се во интерес на граѓаните на двете земји.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.