HomeАктуелноМинистерката Петровска овојпат ги одби Украинците за донација на воена опрема

Министерката Петровска овојпат ги одби Украинците за донација на воена опрема

Украина пред еден месец испратила ново барање за донација од Македонија. Се барала воена опрема. Но овој пат не сме во можност да одговориме позитивно.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„Да има ново барање, но во моментов не можеме да одговориме позитивно на барањето“, рече на брифинг со новинарите министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Од одбрана додаваат дека опремата која ја барала Украина се уште се користи и е потребна на нашата држава.

Претходно Македонија два пати одговори позитивно на барањата од Украина за донација на воена опрема, но стануваше збор за застарена опрема која не ја користеше нашата армија и би била само товар и трошок за одржување на македонската армија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.