На 10.12.2023 во 01.10 часот во Кичево, лишен од слобода е С.А.(26) од Кичево, бидејќи кај него од страна на полициски службеници било пронајдено и одземено пакување со растителна материја.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.
