HomeАктуелноНа граничниот премин Богородица за излез од државата се чека околу 30 минути

На граничниот премин Богородица за излез од државата се чека околу 30 минути

На граничниот премин Богородица утрово времето на чекање за излез од државата изнесува околу 20-30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од АМСМ известуваат дека по настанатите поплави на 14-ти овој месец, во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвенска река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

Регионалниот пат од с.Извор кон Прилеп, поточно с. Степанци Општина Чашка кон Прилеп е со наноси од земја и кал поради дождот и истиот е непрооден.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.