HomeАктуелноНа 4 311 млекопроизводител исплатени 277,9 милиони денари премија

На 4 311 млекопроизводител исплатени 277,9 милиони денари премија

На вкупно 4 311 млекопроизводител им се исплатени 277,9 милиони денари премија за произведено и предадено млеко за октомври – декември 2022 и јануари – април 2023 година, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Вредноста на премијата изнесува пет денари за литар произведено и предадено кравјо млеко и шест денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

-Ова е досега најголемата исплата реализирана кон сточарите во еден ден. Како министерство остануваме посветени на секој еден земјоделец, наведува МЗШВ.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.